Спортски Вести

Себастијан Коу нов претседател на Светската атлетска федерација

Прославениот британски атлетичар Себастијан Коу е избран за нов претседател на Светската атлетска федерација (ИААФ) наместо досегашниот Ламин Дијак од Сенегал. Досегашниот претседател беше вкупно 16 години „прв човек“ на ИААФ.

Коу на изборите освои повеќе гласови од Сергеј Бубка, кој му беше противкандидат (Коу доби 115, а Бубка 92 гласа).

Британецот со тоа доби четиригодишен мандат, а Бубка го задржа местото потпретседател на ИААФ.

Коу беше двократен олимписки шампион на 1.500 метри (1980 и 1984 година), а ја извршуваше и функцијата претседател на Организациониот одбор на Олимписките игри во Лондон.

19.08.2015
Музички времеплов
  • 1942 - Роден е Nicholas Ashford од Ashford and Simpson.
  • 1963 - Andy Williams почнува 16-неделниот престој на врвот на американската албумска листа со албумот 'Days Of Wine And Roses'.
  • 1972 - Роден е Mike Dirnt, басист во Green Day.
  • 1996 - US No1 Mariah Carey 'Always Be My Baby'
  • 2003 - Madonna го добива петтиот американски албумски бр1 со ‘American Life’.
  • Повеќе
Фреквенции
Скопје