Спортски Вести

Ѓоковиќ со победа стартуваше во Париз

Најдобриот светски тенисер, Новак Ѓоковиќ со победа ја почна одбраната на титулата на АТП турнирот во Париз. Србинот во 2.коло го совлада Бразилецот Томаш Белучи со 2-0, по сетови 7:5 и 6:3.

Во првиот сет клучен беше брејкот на Ѓоковиќ во 12 гем, откако претходно двајцата играчи имаа по еден освоен гем на противнички сервис. Во вториот сет српскиот тенисер направи брејк во осмиот гем за водство во тој момент од 5:3 по што следуваше и победата.

Во последниот синоќешен меч на Мастерсот во париската престолнина, Жил Симон (Франција) беше поуспешен од сонародникот Беноа Пер со 2-1.

Токму Симон во 3.коло ќе му биде противник на Ѓоковиќ.

04.11.2015
Музички времеплов
  • 1977 - Joan Baez и Santana одржуваат бесплатен концерт за затворениците од калифорнискиот затвор Soledad.
  • 1968 - UK No1 Louis Armstrong “What A Wonderful World” 4 w.
  • 1992 - на тајна церемонија David Bowie се жени со супемоделката Iman. Венчавката пред јавноста беше објавена дури по повеќе од една недела.
  • 1963 - на првото место во САД доаѓа “I Will Follow Him” на Little Peggy March, која со 15 години станува најмладиот женски изведувач со бр.1 сингл.
  • 1961 - USA No1 Del Shannon “Runaway” 4 w.
  • Повеќе
Фреквенции
Скопје