Претстојното издание на Британските музички награди се претвора во вистински спектакл: кон листата изведувачи се приклучуваат Coldplay и Justin Bieber. Организаторите претходно објавија дека на наградите ќе настапи и Adele.
Justin Bieber зад себе има успешна година во која стана првиот изведувач после The Beatles во 1968 кој три недели по ред имал бр.1 (“Love Yourself”) и бр.2 хит (“Sorry”) на британската сингл листа.
Coldplay непосредно пред Британските музички награди ќе имаат настап на полувремето на американскиот Супербол.
Номинациите за Brit Awards 2016 ќе бидат објавени на 14 јануари. Водители на манифестацијата ќе бидат Ant & Dec.
Британските музички награди ќе се одржат на 24 февруари во лондонската O2 Арена. Антена 5 радио ќе ве известува во живо од Лондон.
22.12.2015