Австралискиот актер Hugh Jackman повторно се бори со ракот на кожата, предупредувајќи ги своите фанови на опасностите од штетните УВ зраци и апелирајќи до нив сериозно да се заштитат.
Актерот објави фотографија на Инстаграм на која има фластер на својот нос. Покрај фотографијата го објави следниот текст: “Еве пример за она што се случува кога не ставате крема за заштита од сончеви зраци. Најблаг облик на ракот. ВЕ МОЛАМ, КОРИСТЕТЕ ЗАШТИТНА КРЕМА и редовно одете на контроли.“
Јackman неколкупати заболе од оваа болест. Од 2013 година отстранети му се четири меланоми од кожата - три на носот и еден на рамото.
10.02.2016