Спортски Вести

Победа за Вардар, пораз на Металург на стартот на турнирот „Вардар 2015“

Македонскиот ракометен шампион Вардар стартуваше со победа на турнирот што синоќа почна во Скопје. Вардар во натпреварот од 1.коло го победи хрватскиот тим Нексе со 36:26 (20:10). „Црвено-црните“ одлично го почнаа дуелот и на крајот постигнаа двоцифрена победа. Новиот играч Александар Деревен со 6 голови беше најефикасен, додека по 5 постигнаа Игор Карачиќ и Тимур Дибиров.

На дуелот од групата Б македонскиот претставник Металург загуби од првакот на Шведска Кристаијанштад со 28:21 (17:12). Јанко Божовиќ и Марко Матиќ кај Металург беа најефикасни со по 5 голови.

Турнирот за отворен го прогласи градоначалникот на Скопје Коце Трајановски.

- Ми причинува задоволство што во нашиот град се одржува еден врвен турнир со силни екипи. Честитки за Вардар и за машкиот и за женскиот клуб и им посакувам уште многу години да го организираат овој турнир, а на гледачите им порачувам да дојдат и да не ги пропуштат врвните натпревари, изјави Трајановски.

Ова е прво издание на турнирот „Вардар", а посветено е на првиот роденден на СЦ „Јане Сандански" и хотел „Русија".

25.08.2015
Музички времеплов
  • 2000 - UK No.1 Britney Spears 'Oops! I Did It Again'.
  • 1994 - UK No.1 Tony Dibart 'The Real Thing'.
  • 1988 - USA No.1 Terence Trent D'arby 'Wishing Well'.
  • 1977 - USA No.1 Eagles 'Hotel California'.
  • 2003 - Американски хирург го тужи 50 Cent за неплатена сметка. Лекарот тврди дека 50 Cent бил во неговата клиника зашто неколку пати бил застрелан, а интервенцијата вредна 20.000 долари не ја платил.
  • Повеќе
Фреквенции
Скопје