Британската музичка сензација Adele на своите фанови им претстави видео во кое ја пее “When We Were Young”, нова нумера од нејзиниот претстоен албум “25”.
Изведбата е снимена во Church Studios во Лондон, каде е сниман дел од материјалот за новиот албум.
Песната е напишана од by Adele и Tobias Jesso Jr. Пејачката неодамна изјави дека ова и е омилената нумера од албумот и дека особено и се допаѓа тоа што Tobias го внел шмекот на 70-тите. За само неколку часа од поставувањето, видеото забележа над 128.000 прегледи.
Албумот “25” во Британија ќе биде издаден во петок, 20 ноември.
18.11.2015