Музички Вести

Rihanna најави светска турнеја

Непосредно пред издавањето на својот нов студиски албум “Anti”, Rihanna ја најави светската турнеја во рамките на која ќе го промовира.

Турнејата ќе започне со концерти во Северна Америка, почнувајќи на 26 февруари во Сан Диего. Овој дел од турнејата ќе заврши на 7 мај со концерт во Оукленд, по што поп ѕвездата ќе замине за Европа. Првиот концерт на Стариот континент е закажан за 11 јуни во Амстердам.

Како што е соопштено, на северно-американските концерти како предизведувач ќе настапува Travis Scott, за кого таблоидите шпекулираат дека и е момче, додека во Европа ќе ја придружуваат The Weeknd и Big Sean.

25.11.2015
Музички времеплов
  • 1995 - Courtney Love од Hole ја одбива понудата од 1 милион долари од Playboy да се слика гола.
  • 1986 - 5150, првиот албум на Van Halen снимен со Sammy Hagar, се искачува на врвот на американската албумска листа. Името на албумот е земено од њујоршки полициски код за криминал.
  • 1960 - започнува снимањето на филмот на Elvis Presley, “G.I. Blues”.
  • 1999 - Sinead O'Connor станува свештеник и го прифаќа името Мајка Bernadette Mary.
  • 1977 - започнува со работа легендарната њујоршка дискотека Studio 54
  • Повеќе
Фреквенции
Скопје