Филм и животен стил

Hilary Swank се сврши

Актерката Hilary Swank се сврши со своето момче, тенискиот тренер Ruben Torres.

41-годишната Оскаровка веста ја сподели преку Инстаграм: “Бевме на планинарење и еве што се случи. Среќна сум што можам да ја споделам со вас свршувачката со мојот драг Ruben.“

Запросувањето се случило во Палм Спрингс, Калифорнија, изминатиот викенд. Двојката се забавува од минатото лето, а првото заедничко појавување во јавноста го имаше во декември 2015.

Ова ќе биде втор брак на Swank. Таа се разведе од актерот Chad Lowe во 2007, после 10-години минати во брак.

24.03.2016
Музички времеплов
  • 1998 - Steven Tyler од Aerosmith си го повредува коленото на концерт во Алјаска. Потребна е операција и затоа бендот ги откажува останатите концерти од американската турнеја.
  • 1949 - роден е Francis Rossi од Status Quo
  • 1972 - John и Yoko добиваат поддршка од градоначалникот на Њујорк во борбата да останат да живеат во САД.
  • 1970 - George Harrison објавуавa дека можно е реоформување на Beatles-и и ги објавува плановите за првиот соло албум
  • 1972 - USA No1 “The First Time Ever I Saw Your Face'' Roberta Flack.
  • Повеќе
Фреквенции
Скопје