Музички Вести

Ciara е бремена

Ciara потврди дека очекува дете со својот нов сопруг, рагби ѕвездата Russell Wilson. Пејачката ја објави веста преку својот Инстраграм профил на 25 октомври, кога наедно наполни 31 години.

Покрај црно-белата слика со Wilson, таа напиша: “На овој посебен роденден добив мноштво љубов од пријателите и семејството... и возбудена сум што конечно може да споделам еден од најголемите подароци што Господ може да ги подари...“ Пораката ја заврши со емитикони од бебиња.

Од врската со бившиот свршеник, раперот Future, таа го има 3-годишниот син Future Zahir.

26.10.2016
Музички времеплов
  • 1967 - Роден е Mark Bryan, гитарист во Hootie & The Blowfish.
  • 1960 - Роден е Larry Steinbachek од Bronski Beat.
  • 1995 - Oasis го добиваат првиот британски бр1 хит 'Some Might Say'.
  • 1973 - Paul Simon ја започнува првата турнеја без дотогашниот партнер Art Garfunkel. Турнејата беше снимена и издадена како албум 'Live Rhymin'.
  • 2001 - Janet Jackson се искачува на врвот на американската албумска листа со албумот 'Janet'.
  • Повеќе
Фреквенции
Скопје