Спортски Вести

Вардар победник на Кањижа купот

Ракометарите на македонскиот првак Вардар го освоија првото место на Кањижа купот, откако синоќа во финалето го совладаа унгарскиот тим ПИК Сегед со 22:19 (11:9). Со овој триумф „црвено-црните“ им се реваншираа на Унгарците за ланскиот пораз во финалето на истиот турнир. Претходно Вардар во рамките на групата ги победи екипите на Горење (30:24) и на Партизан (40:28).

Најефикасен на финалето беше играчот на Вардар Игор Карачиќ со 7 голови, а воедно ја доби и наградата МВП (најкорисен играч) на турнирот, додека голамнот Арпад Штербик беше прогласен за најдобар голман.
Во дуелот за третото место Нексе го победи Горење со 24:22

17.08.2015
Музички времеплов
  • 1984 - Пејачот на Simple Minds, Jim Kerr се жени со Chrissie Hynde, додека се возат со кочија низ Central Park во New York.
  • 1942 - Родена е кантри пејачката Tammy Wynette (1975 UK No.1 'Stand By Your Man').
  • 1983 - Хитот на The Stranglers, 'Golden Brown', е прогласен за највртена песна за 1982 година на Ivor Novello наградите.
  • 1984 - UK No.1 Duran Duran 'The Reflex'.
  • 1951 - Роден е Rex Goh, гитарист во Air Supply.
  • Повеќе
Фреквенции
Скопје