Спортски Вести

И седмопласираната од Евробаскетот оди во квалификации за ОИ

На кошаркарскиот турнир на Олимписки игри 2016 ќе настапат 18 селекции, наместо досегашната пракса од 12, што значи дека Европа ќе има пет, наместо досегашните четири претставници.

 

Тоа значи дека и седмопласираната репрезентација од Европското првенство кое започнува на 5 септември ќе добие шанса да настапи на предолимпискиот турнир.

 

Истото важи и за четвртопласираните репрезентации од шампионатите на Азија и Африка.

 

Преостанатите три места ќе бидат пополнети по принципот „вајлд-карта“ која ФИБА ќе им ја врачи на државите кои нема да успеаат да се пласираат, а имаат одреден квалитет и углед во кошаркарската јавност.

 

Македонија на Европското првенство ќе настапи против Грција, Холандија, Хрватска, Грузија и Словенија.

14.08.2015
Музички времеплов
  • 1942 - Родена е кантри пејачката Tammy Wynette (1975 UK No.1 'Stand By Your Man').
  • 1937 - Роден е соул пејачот Johnnie Taylor.
  • 1959 Роден е Ian McCulloch од Echo And The Bunnymen.
  • 1981 - Роден е Craig David.
  • 1951 - Роден е Rex Goh, гитарист во Air Supply.
  • Повеќе
Фреквенции
Скопје