Филм и животен стил

Amanda Seyfried во “Anon”

По филмот “In Time”, Amanda Seyfried повторно ќе соработува со режисерот Andrew Niccol. Овојпат на научно-фантастичниот филм “Anon” во кој ќе игра и Clive Owen.

Owen ќе игра детектив од блиската иднина, во свет во кој не постои приватност, анонимност и непознаници. Кога ќе дознае за млада жена (Seyfried) која очигледно не постои, започнува да се прашува дали транспарентното општество навистина може да биде ослободено од криминал или пак претставува голема закана.

10.03.2016
Музички времеплов
  • 1999 - по обновувањето на бракот со Pamela Anderson, Tommy Lee ги напушта Motley Crue за да му се посвети на семејството и на новиот бенд.
  • 1998 - Steven Tyler од Aerosmith си го повредува коленото на концерт во Алјаска. Потребна е операција и затоа бендот ги откажува останатите концерти од американската турнеја.
  • 1993 - Barry White како анимиран лик гостува во цртаната серија "Симпсонови".
  • 1975 - издаден е албумот кој ќе го смени правецот во кариерата на Bee Gees, "Main Course". Албумот ги содржи хитовите "Jive Talkin'" и "Nights on Broadway".
  • 1972 - John и Yoko добиваат поддршка од градоначалникот на Њујорк во борбата да останат да живеат во САД.
  • Повеќе
Фреквенции
Скопје