Настани

D Festival 2016

15.07.2016 20:00 - 17.07.2016 23:59

6-тото издание на Д фестивалот во Дојран се одржа од 15 до 17 јули 2016. Тридневниот музички маратон понуди педесетина домашни и странски изведувачи кои настапија на пет фестивалски бини.

Меѓу годинешните ѕвезди беа Sigma, Roger Sanches, Toy dolls, Бернајс пропаганда, Дубиоза Колектив, Хладно пиво, Лолобриџида, Паркети, Чиста Околина.

Годинава покрај главната фестивалска бина на паркингот Гранит, Москито бината во фестивалскиот камп, фестивалот понуди и нова концертна локација Church Stage - во црквата „Свети Илија“ во Стар Дојран, на падините над фестивалскиот камп. Таму настапија Елена Христова од етносоставот „Баклава“ и виртуозот на канон Ибрахим Џенгис, како и „Љубојна“ со проектот „Акустично глаголицирање или Љубојна на тацна“.

Програмата на Lake Awake бината, пак, беше посветена на електронската музика.

Во рамките на фестивалот беа организирани и рекреативни активности како Зумба, Јогалатес, Аеробик, Бабл фудбал, стоечко веслање, арт активности како базари, работилници и проекции на документарци во рамките на Македокс патувачкото кино

„Д Фестивал“ годинава се одржува во рамки на манифестацијата „Дојран - град на културата 2016“.

Музички времеплов
  • 1999 - по обновувањето на бракот со Pamela Anderson, Tommy Lee ги напушта Motley Crue за да му се посвети на семејството и на новиот бенд.
  • 1972 - John и Yoko добиваат поддршка од градоначалникот на Њујорк во борбата да останат да живеат во САД.
  • 1975 - издаден е албумот кој ќе го смени правецот во кариерата на Bee Gees, "Main Course". Албумот ги содржи хитовите "Jive Talkin'" и "Nights on Broadway".
  • 1949 - роден е Francis Rossi од Status Quo
  • 1970 - George Harrison објавуавa дека можно е реоформување на Beatles-и и ги објавува плановите за првиот соло албум
  • Повеќе
Фреквенции
Скопје