Антена 5 Вести

Lizzo и Dave со настапи на Brit Awards

Lizzo и Dave се приклучуваат кон листата изведувачи на Британските музички награди закажани за 18 февруари.

Трикратната Греми добитничка Lizzo ќе го има својот досега најгледан ТВ настап во Британија. Американската ѕвезда наедно е номинирана во категоријата Најдобар интернационален женски изведувач. Пролетта 2019 година Lizzo го издаде својот трет албум “Cus I Love You” на кој се најде “Truth Hurts”, хитот кој го изведе на своето деби на Гластонбери фестивалот минатото лето.

Британскиот рапер Dave во март 2019 година го издаде својот деби албум “Psychodrama” кој дебитираше на врвот на британската албумска листа, наедно поставувајќи рекорд за најстримуван албум во првата недела од издавањето. Албумот му добнесе одлични критики и 4 номинации за Британските музички награди: Песна на годината (за “Location” во соработка со Burna Boy), Албум на годината, Најдобар нов изведувач и Најдобар машки соло изведувач.

Претходно како изведувачи на Brit Awards се најавени Billie Eilish, Harry Styles, Lewis Capaldi, Mabel, Stormzy, Celeste.

Британските музички награди ќе се одржат на 18 февруари во лондонската O2 Aрена. Антена 5 радио ќе биде присутна во Лондон за наградите со своја екипа и подготвува, како и секогаш, специјална програма посветена на најзначајната ноќ во британскиот музички календар .

06.02.2020
Музички времеплов
  • 1944 - Роден е Peter Asher од Peter and Gordon (1964 UK & US No.1 'World Without Love' - напишана од Lennon и McCartney). Во доцните 60-ти продуцент и шеф на Apple Records.
  • 2003 - Evanescence доаѓаат на првото место на британската албумска листа со ‘Fallen.’
  • 2002 - Гитаристот на U2, 'The Edge' се жени со својата долгогодишна девојка Morleigh Steinberg. Се запознале кога таа била стомачна танчерка на турнејата Zoo TV на бендот. Меѓу гостите се Bono, членот на Eurythmics, Dave Stewart и Lenny Kravitz.
  • 1985 - USА No.1 Bryan Adams 'Heaven'
  • 1997 - Wu-Tang Clan се искачуваат на првото место на американската албумска листа со 'Wu- Tang Forever'.
  • Повеќе
Фреквенции
Скопје