Настани

D Festival 2016

15.07.2016 20:00 - 17.07.2016 23:59

6-тото издание на Д фестивалот во Дојран се одржа од 15 до 17 јули 2016. Тридневниот музички маратон понуди педесетина домашни и странски изведувачи кои настапија на пет фестивалски бини.

Меѓу годинешните ѕвезди беа Sigma, Roger Sanches, Toy dolls, Бернајс пропаганда, Дубиоза Колектив, Хладно пиво, Лолобриџида, Паркети, Чиста Околина.

Годинава покрај главната фестивалска бина на паркингот Гранит, Москито бината во фестивалскиот камп, фестивалот понуди и нова концертна локација Church Stage - во црквата „Свети Илија“ во Стар Дојран, на падините над фестивалскиот камп. Таму настапија Елена Христова од етносоставот „Баклава“ и виртуозот на канон Ибрахим Џенгис, како и „Љубојна“ со проектот „Акустично глаголицирање или Љубојна на тацна“.

Програмата на Lake Awake бината, пак, беше посветена на електронската музика.

Во рамките на фестивалот беа организирани и рекреативни активности како Зумба, Јогалатес, Аеробик, Бабл фудбал, стоечко веслање, арт активности како базари, работилници и проекции на документарци во рамките на Македокс патувачкото кино

„Д Фестивал“ годинава се одржува во рамки на манифестацијата „Дојран - град на културата 2016“.

Музички времеплов
  • 1996 - Тапанистот на Smashing Pumpkins, Jimmy Chamberlain е обвинет за поседување дрога. Ова доаѓа по смртта на клавијатурисот на бендот, Jonathan Melvoin.
  • 1979 - Пејачката и текстописец Minnie Riperton умира од рак на 31 година. Нејзината песна 'Loving You', продуцирана од Stevie Wonder е со американски бр.1 пласман.
  • 1968 - Mickey Dolenz од Monkees се жени со Samantha Juste која ја запознал кога работела на шоуто на BBC, 'Top Of The Pops'.
  • 1988 - Michael Jackson за првпат настапува во В Британија. Ќе одржи 8 концерти пред над 790.000 обожаватели.
  • 1952 - Родена е Liz Mitchell од Boney M. 'Rivers Of Babylon'
  • Повеќе
Фреквенции
Скопје