Антена 5 Вести

Lizzo и Dave со настапи на Brit Awards

Lizzo и Dave се приклучуваат кон листата изведувачи на Британските музички награди закажани за 18 февруари.

Трикратната Греми добитничка Lizzo ќе го има својот досега најгледан ТВ настап во Британија. Американската ѕвезда наедно е номинирана во категоријата Најдобар интернационален женски изведувач. Пролетта 2019 година Lizzo го издаде својот трет албум “Cus I Love You” на кој се најде “Truth Hurts”, хитот кој го изведе на своето деби на Гластонбери фестивалот минатото лето.

Британскиот рапер Dave во март 2019 година го издаде својот деби албум “Psychodrama” кој дебитираше на врвот на британската албумска листа, наедно поставувајќи рекорд за најстримуван албум во првата недела од издавањето. Албумот му добнесе одлични критики и 4 номинации за Британските музички награди: Песна на годината (за “Location” во соработка со Burna Boy), Албум на годината, Најдобар нов изведувач и Најдобар машки соло изведувач.

Претходно како изведувачи на Brit Awards се најавени Billie Eilish, Harry Styles, Lewis Capaldi, Mabel, Stormzy, Celeste.

Британските музички награди ќе се одржат на 18 февруари во лондонската O2 Aрена. Антена 5 радио ќе биде присутна во Лондон за наградите со своја екипа и подготвува, како и секогаш, специјална програма посветена на најзначајната ноќ во британскиот музички календар .

06.02.2020
Музички времеплов
  • 1952 - Роден е David Knopfler од Dire Straits, кои ги напушта на почетокот на 80-те.
  • 1985 - Simon Le Bon од Duran Duran стапува во брак со моделката Yasmin Parvanah.
  • 1941 - Роден е Mike Pinder од Moody Blues (1965 UK No.1 'Go Now' и 1968 UK No.19 & 1972 USА No.2 'Nights In White Satin').
  • 1986 - UK No.1 Jackie Wilson 'Reet Petite' (29 години по оригиналното издание)
  • 1999 - Sean 'Puff Daddy' Combs и неговата девојка Jennifer Lopez уапсени се по една вооружена престрелка пред ноќен клуб во Менхетен.
  • Повеќе
Фреквенции
Скопје