Спортски Вести

Себастијан Коу нов претседател на Светската атлетска федерација

Прославениот британски атлетичар Себастијан Коу е избран за нов претседател на Светската атлетска федерација (ИААФ) наместо досегашниот Ламин Дијак од Сенегал. Досегашниот претседател беше вкупно 16 години „прв човек“ на ИААФ.

Коу на изборите освои повеќе гласови од Сергеј Бубка, кој му беше противкандидат (Коу доби 115, а Бубка 92 гласа).

Британецот со тоа доби четиригодишен мандат, а Бубка го задржа местото потпретседател на ИААФ.

Коу беше двократен олимписки шампион на 1.500 метри (1980 и 1984 година), а ја извршуваше и функцијата претседател на Организациониот одбор на Олимписките игри во Лондон.

19.08.2015
Музички времеплов
  • 1957 - Роден е Steve Farris од Mr Mister.
  • 1997 - На продажба дадена е куќата каде што Kurt Cobain си изврши самоубиство. Цената за куќата со 5 спални соби, изградена во 1902 година, е 3 милиони долари. Гаражата каде што било извршено самоубиството е срушена.
  • 1966 - Beatles имаат 15-минутен сет концертот NME Poll Winners и тоа ќе им биде последен настап во В. Британија.
  • 1967 - Во Лас Вегас Elvis Presley се жени со Priscilla Beaulieu.
  • 1993 - Cliff Richard го добива седмиот британски бр1 албум 'The Album'.
  • Повеќе
Фреквенции
Скопје