Спортски Вести

Работнички со активен резултат ќе патува во Казан

Екипата на Работнички од Скопје во рамки на плејофот за Лига Европа одигра нерешено со рускиот Рубин Казан 1:1 (полувреме 0:0).

Македонскиот тим одигра храбро во текот на целиот меч и беше рамноправен противник иако од 54-та минута играше без исклучениот Милован Петровиќ. Гостите ја искористија предноста од играч повеќе и во 69. Минута поведоа со 1:0 со голот на Карадениз.

Работнички иако со човек помалку на теренот, продолжи да игра квалитетно и наградата стигна во 85. кога Кире Ристевски постигна гол за конечни 1:1.

На националната арена „Филип Втори“ имаше околу 15.000 гледачи а судеше Иштван Вад од Унгарија.

21.08.2015
Музички времеплов
  • 1997 - На продажба дадена е куќата каде што Kurt Cobain си изврши самоубиство. Цената за куќата со 5 спални соби, изградена во 1902 година, е 3 милиони долари. Гаражата каде што било извршено самоубиството е срушена.
  • 1967 - Во Лас Вегас Elvis Presley се жени со Priscilla Beaulieu.
  • 1966 - Beatles имаат 15-минутен сет концертот NME Poll Winners и тоа ќе им биде последен настап во В. Британија.
  • 1979 - Elton John станува првата поп ѕвезда што настапила во Израел.
  • 1962 - Роден е Owen Paul, познат по хитот 'My Favourite Waste Of Time'.
  • Повеќе
Фреквенции
Скопје