Спортски Вести

Себастијан Коу нов претседател на Светската атлетска федерација

Прославениот британски атлетичар Себастијан Коу е избран за нов претседател на Светската атлетска федерација (ИААФ) наместо досегашниот Ламин Дијак од Сенегал. Досегашниот претседател беше вкупно 16 години „прв човек“ на ИААФ.

Коу на изборите освои повеќе гласови од Сергеј Бубка, кој му беше противкандидат (Коу доби 115, а Бубка 92 гласа).

Британецот со тоа доби четиригодишен мандат, а Бубка го задржа местото потпретседател на ИААФ.

Коу беше двократен олимписки шампион на 1.500 метри (1980 и 1984 година), а ја извршуваше и функцијата претседател на Организациониот одбор на Олимписките игри во Лондон.

19.08.2015
Музички времеплов
  • 1968 - основачот на Blood, Sweat and Tears, Al Kooper и саксофонистот Randy Brecker, го напуштаат бендот по само еден албум.
  • 1983 - оригиналните членови на Manfred Mann повторно се обединуваат за еден концерт во Лондон.
  • 1983 - на 68 години од срцев удар умира Muddy Waters.
  • 1965 - The Kinks ја започнуваат првата британска турнеја.
  • 1983 - USA No1Michael Jackson “Beat It” со Eddie Van Halen на гитара 3 w.
  • Повеќе
Фреквенции
Скопје