Спортски Вести

Пораз на македонските кошаркари

Македонската кошаркарска репрезентација го доживеа и вториот пораз на Хуавеи турнирот во Литванија. Oвој пат подобра беше селекцијата на Турција која победи со убедливи 85-68 (22-20, 29-20, 19-14, 15-14).

Македонскиот национален тим го одигра најлошиот натпревар во подготвителниот период за Евробаскетот 2015. Во најголем дел нашата селекција имаше тешкотии во организацијата на нападот и пренесувањето на топката на противничката половина, па заслужено победата отиде кај Турците.

Во финалниот натпревар на турнирот, Хрватска беше подобра од домаќинот Литванија со 72:59 со што го освои првото место.

По овој турнир, македонската репрезентација патува за Шпанија, каде ќе одигра две контролни средби против „црвената фурија“.

20.08.2015
Музички времеплов
  • 1999 - од фатален срцев удар умира тапанистот на Nazareth, Darrell Sweet.
  • 1968 - основачот на Blood, Sweat and Tears, Al Kooper и саксофонистот Randy Brecker, го напуштаат бендот по само еден албум.
  • 1988 - UK No1 X-Press “Theme From S-Xpress” 2 w.
  • 1980 - премиера на филмот на Roger Daltrey, "McVicar".
  • 1965 - The Kinks ја започнуваат првата британска турнеја.
  • Повеќе
Фреквенции
Скопје