Спортски Вести

Започнува најбогатото светското првенство во атлетика Пекинг 2015

Светското првенство во атлетика започнува вечерва, нешто по полноќ по средноевропско време, во Пекинг, Кина.

Организаторот во соработка со ИААФ одреди рекордни парични награди за најуспешните. Вкупниот фонд на награди изнесува 7,2 милиони долари со тоа што новите светски прваци во секоја дисциплина ќе заработуваат по 60 илјади долари, освојувачите на сребрени медали по 30, а бронзените по 20 илјади. Парични награди ќе добијат и сите што ќе се пласираат до осмото место.

Во екипните дисциплини, златен медал ќе се наградува со 80 илјади долари, а секој светски рекордер ќе добие плус 100 илјади долари. Светската атлетска федерација парично ги наградува најуспешните од Мундијалот во 1997 година.

На ова Светско првенство Македонија ќе ја представува Ристе Пандев кој ќе настапи во дисциплината 100 метри уште првиот ден во пре елиминарната фаза од трките. Доколку успее да ја помине оваа фаза Пандев ќе влезе во квалификациите на трката на 100 метри кои се исто на програмта на првиот ден. Пандев е рекордер на Македонија во оваа дисциплина со резултат од 10.61 секунди.

21.08.2015
Музички времеплов
  • 1967 - Роден е Mark Bryan, гитарист во Hootie & The Blowfish.
  • 2001 - Destiny's Child доаѓаат на првото место на британската албумска листа со албумот 'Survivor'.
  • 2001 - Janet Jackson се искачува на врвот на американската албумска листа со албумот 'Janet'.
  • 1920 - Родена е пејачката и актерка Peggy Lee, позната по хитот 'Fever'.
  • 1978 - Британската синглска листа која до тогаш се објавувала во топ30 формат, за првпат е објавена со топ75 позиции. Прв бр1 на ваквата листа е 'Night Fever' на Bee Gees.
  • Повеќе
Фреквенции
Скопје