Спортски Вести

Победа за Вардар, пораз на Металург на стартот на турнирот „Вардар 2015“

Македонскиот ракометен шампион Вардар стартуваше со победа на турнирот што синоќа почна во Скопје. Вардар во натпреварот од 1.коло го победи хрватскиот тим Нексе со 36:26 (20:10). „Црвено-црните“ одлично го почнаа дуелот и на крајот постигнаа двоцифрена победа. Новиот играч Александар Деревен со 6 голови беше најефикасен, додека по 5 постигнаа Игор Карачиќ и Тимур Дибиров.

На дуелот од групата Б македонскиот претставник Металург загуби од првакот на Шведска Кристаијанштад со 28:21 (17:12). Јанко Божовиќ и Марко Матиќ кај Металург беа најефикасни со по 5 голови.

Турнирот за отворен го прогласи градоначалникот на Скопје Коце Трајановски.

- Ми причинува задоволство што во нашиот град се одржува еден врвен турнир со силни екипи. Честитки за Вардар и за машкиот и за женскиот клуб и им посакувам уште многу години да го организираат овој турнир, а на гледачите им порачувам да дојдат и да не ги пропуштат врвните натпревари, изјави Трајановски.

Ова е прво издание на турнирот „Вардар", а посветено е на првиот роденден на СЦ „Јане Сандански" и хотел „Русија".

25.08.2015
Музички времеплов
  • 1942 - Роден е Colin Earl од Mungo Jerry.
  • 1989 - На првото место на британската албумска листа се искачува поранешниот вокалист на Frankie goes To Hollywood, Holly Johnson со деби соло албумот 'Blast'.
  • 1973 - Paul Simon ја започнува првата турнеја без дотогашниот партнер Art Garfunkel. Турнејата беше снимена и издадена како албум 'Live Rhymin'.
  • 2001 - Destiny's Child доаѓаат на првото место на британската албумска листа со албумот 'Survivor'.
  • 1960 - Роден е Larry Steinbachek од Bronski Beat.
  • Повеќе
Фреквенции
Скопје