Спортски Вести

Победа за Вардар, пораз на Металург на стартот на турнирот „Вардар 2015“

Македонскиот ракометен шампион Вардар стартуваше со победа на турнирот што синоќа почна во Скопје. Вардар во натпреварот од 1.коло го победи хрватскиот тим Нексе со 36:26 (20:10). „Црвено-црните“ одлично го почнаа дуелот и на крајот постигнаа двоцифрена победа. Новиот играч Александар Деревен со 6 голови беше најефикасен, додека по 5 постигнаа Игор Карачиќ и Тимур Дибиров.

На дуелот од групата Б македонскиот претставник Металург загуби од првакот на Шведска Кристаијанштад со 28:21 (17:12). Јанко Божовиќ и Марко Матиќ кај Металург беа најефикасни со по 5 голови.

Турнирот за отворен го прогласи градоначалникот на Скопје Коце Трајановски.

- Ми причинува задоволство што во нашиот град се одржува еден врвен турнир со силни екипи. Честитки за Вардар и за машкиот и за женскиот клуб и им посакувам уште многу години да го организираат овој турнир, а на гледачите им порачувам да дојдат и да не ги пропуштат врвните натпревари, изјави Трајановски.

Ова е прво издание на турнирот „Вардар", а посветено е на првиот роденден на СЦ „Јане Сандански" и хотел „Русија".

25.08.2015
Музички времеплов
  • 1928 - Роден е Andy Williams. 'Butterfly', 1963 USА & UK No.2 ''Can't Get Used To Losing You''
  • 1976 - Извршен му е атентат на Bob Marley, откако седуммина вооружени напаѓаат во неговиот дом во Кингстон и ги повредуваат Marley, неговата сопруга Rita и менаџерот Don Taylor. Се смета дека нападот е извршен од политички причини.
  • 1965 - Beatles започнуваат турнеја, која ќе остане во историјата како нивна последна британска турнеја.
  • 1979 - Роден е Daniel Bedingfield. 'Gotta Get Thru This'
  • 1971 - Казино во Монтреал, Швајцарија гори до темел за време на настапот на Frank Zappa. Deep Purple биле на спротивната страна од езерото и снимале албум. Гледајќи го пожарот ја напишале 'Smoke On The Water'.
  • Повеќе
Фреквенции
Скопје