Спортски Вести

Фаворитите без проблеми на стартот од Мастерсот во Синсинати

На Мастерс турнирот во Синсинати фаворитите во две конкуренции постигнаа сигурни победи во мечевите од 2.коло и обезбедија пласман во осминафиналето. Кај мажите триумф од 2:0 во сетови постигнаа Новак Ѓоковиќ, Енди Мареј, Рафаел Надал, додека единствено Стан Вавринка одигра три сета и со 2:1 во сетови го победи Борна Ќориќ.

Во женска конкуренција истотака немаше изненадувања и пласман во следната фаза изборија Серена Вилијамс, Белинда Бенчиќ, Јелена Јанковиќ и Викторија Азаренка.

Попладнево и вечерва се играат осминафиналните мечеви во двете конкуренции.

20.08.2015
Музички времеплов
  • 1991 - Американскиот кантри пејач Garth Brooks бара од обожавателите добротворно да донесат конзерви храна во замена за лотарија што ја организира. Донирани се над 10.000 конзерви храна во добротворни цели.
  • 1973 - John Rostill од Shadows умира од удар на струја во студиото во негоивот дом. Во локален весник се појавува наслов: 'Умре поп музичар, гитарата е очигледен виновник'.
  • 1939 - Родена е Annie Mae Bullock, попозната како Tina Turner.
  • 1994 - UK No.1 Baby D 'Let Me Be Your Fantasy'
  • 1981 - Родена е Natashа Bedingfield. 'These Words'
  • Повеќе
Фреквенции
Скопје