Спортски Вести

Победа за Вардар, пораз на Металург на стартот на турнирот „Вардар 2015“

Македонскиот ракометен шампион Вардар стартуваше со победа на турнирот што синоќа почна во Скопје. Вардар во натпреварот од 1.коло го победи хрватскиот тим Нексе со 36:26 (20:10). „Црвено-црните“ одлично го почнаа дуелот и на крајот постигнаа двоцифрена победа. Новиот играч Александар Деревен со 6 голови беше најефикасен, додека по 5 постигнаа Игор Карачиќ и Тимур Дибиров.

На дуелот од групата Б македонскиот претставник Металург загуби од првакот на Шведска Кристаијанштад со 28:21 (17:12). Јанко Божовиќ и Марко Матиќ кај Металург беа најефикасни со по 5 голови.

Турнирот за отворен го прогласи градоначалникот на Скопје Коце Трајановски.

- Ми причинува задоволство што во нашиот град се одржува еден врвен турнир со силни екипи. Честитки за Вардар и за машкиот и за женскиот клуб и им посакувам уште многу години да го организираат овој турнир, а на гледачите им порачувам да дојдат и да не ги пропуштат врвните натпревари, изјави Трајановски.

Ова е прво издание на турнирот „Вардар", а посветено е на првиот роденден на СЦ „Јане Сандански" и хотел „Русија".

25.08.2015
Музички времеплов
  • 1957 - За време на турнејата низ Австралија, Little Richard се откажува од рокенролот и му се предава на Господ.
  • 1968 - Hollies започнуваат 6-неделен престој на првото место на британската албумска листа со компилацијата 'Greatest Hits'. The Air That I Breathe
  • 1997 - Во авионска несреќа загинува американскиот пејач и текстописец John Denver.
  • 1942 - Роден е Melvin Franklin, вокалист во Temptations. Papa Was A Rolling Stone
  • 1969 - Диџеј од радио во Детроид добива телефонски повик преку кој му било соопштено дека ако ја пушти песната на Beatles 'Strawberry Fields Forever' во обратно вртење, ќе го слушне John Lennon како вели 'Го закопав Paul'. Ова поттикнува гласини низ целиот свет дека Paul McCartney е мртов.
  • Повеќе
Фреквенции
Скопје