Спортски Вести

Работнички со активен резултат ќе патува во Казан

Екипата на Работнички од Скопје во рамки на плејофот за Лига Европа одигра нерешено со рускиот Рубин Казан 1:1 (полувреме 0:0).

Македонскиот тим одигра храбро во текот на целиот меч и беше рамноправен противник иако од 54-та минута играше без исклучениот Милован Петровиќ. Гостите ја искористија предноста од играч повеќе и во 69. Минута поведоа со 1:0 со голот на Карадениз.

Работнички иако со човек помалку на теренот, продолжи да игра квалитетно и наградата стигна во 85. кога Кире Ристевски постигна гол за конечни 1:1.

На националната арена „Филип Втори“ имаше околу 15.000 гледачи а судеше Иштван Вад од Унгарија.

21.08.2015
Музички времеплов
  • 1997 - Третиот албум на Oasis, 'Be Here Now', станува еден од најбргу продаваните албуми воопшто, остварувајќи тираж од над милион копии во првиот ден од продажбата.
  • 1961 - Роден е американскиот диџеј и продуцент David Morales (1998 UK No. 8 ‘Needin’ U’).
  • 2002 - Atomic Kitten се соочуваат со тужба, откако го отпуштаат Andy McCluskey, текстописецот на нивниот прв британски бр.1 хит 'Whole Again'. Бендот бил пред отпуштање од Innocent records кога се снимала песната, што подоцна ќе стане голем хит. Девојќите тогаш побарале поголема поделба на заработката од синглот, но McCluskey не прифатил. Според оригиналниот договор, секоја членка требало да добие по 4 фунти од секоја продадена копија на синглот.
  • 1980 - Родена е американската R&B пејачка Kelis Rogers (2004 UK No.2 'Milkshake').
  • 1968 - Родена е Dina Carroll (1993 UK No.3 'Don't Be A Stranger').
  • Повеќе
Фреквенции
Скопје